“Ти” е композицијата на Ivana Kovac која дури денес беше промовирана со видео спот. Речиси 100 дена поминаа од завршивањео на Сплитскиот фестивал на кој оваа композиција доби награда од новинарите за најубава мелодија а Ивана награда за најдобар styling . Годинашниов фестивал беше исклучително богат со хитови. Ivana Kovac е една од поранешните вокалистки…
Самостојна изложба на Дарко Аницин (петок 19,30) Пионерски Дом Гевгелија
Дарко Аницин е роден 1977 година во Скопје. Аницин е академски графичар и графички дизајнер кој своето образование го има стекнато во средното уметничко училиште “Лазар Личеноски” па на факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” Скопје. Својата креативност ја изразува најчесто, над 15 години, преку ангажмани во областа на графичкиот дизајн,…
На денешен ден Драгојевиќ одржа два концерти во Гевгелија!
На денешен ден во 1978 година Оливер Драгојевиќ одржа два едно по друго концерти во Народниот театар во Гевгелија. Гости на концертот беа Исмета Крвавац и Драган Мјалковски.Пред дваесетина години Оливер уште еднаш беше во Гевгелија но само како гост во РТГ, со почит кон Радио Гевгелија која пак го следеше низ текот на целата…
“МОДЕРЕН ЏЕЗ” СЕ СНИМАШЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА!
Филип Динев еден од најдобрите гитаристи во моментов во Македонија, џез албумот си го снимаше во Гевгелија. Ова е изјавата на Филип Динев за www.radiogevgelija.info : Филип Динев трио Приказната за интернационалното џез трио започна во Будимпешта, каде ги поминав последните два семестри, студирајќи на академијата „Франц Лист“. Се запознавме за време на проба со…
Концертот на АМАДЕУС БЕНД ја означува есенската сезона во DE FACTO !
Атрактивниот српски АМАДЕУС БЕНД гостува овој викенд во Гевгелија. Во сабота гевгелиски DE FACTO го пречекува еден од водечките бендови во регионот во овој момент, кој спаѓа во редот на новите музички групи со околу 20 годишно постоење. Со концертот на Амaдеус Бенд на некој начин се означува почетокот на есенската сезона за забава во…
Saturday Night Fever
Влатко Лозаноски во DE FACTO . Да, тоа ќе биде вистинска треска во саботната ноќ во стилот на John Travolta. Споредбата ја правиме од причина што Travolta “треската” ја направи во времето на врвот на неговата популарност. Лозаноски пак, кој по бројот на прегледи на You Tube не сомнено остава впечаток дека во овој момент…
Во пресрет на концертот на група ЗИЈАН во клуб DE FACTO
Во пресрет на концертот на Зијан во De Facto, www.radiogevgelija.info накратко ќе потсети на некои познати и непознати работи околу Зијан. Групата Зијан може и треба да се пофали со грандиозните самостојни концерти во Гевгелија посебно оние двата во “Ава” и “Делта” (во времето кога го промовираше хитот “Каде сте ангели мои”) потоа “Велигденскиот концерт”…
Јубилеј “10 години” !?!
www.radiogevgelija.info и на овој начин ја одбележува 10 годишнината од ставањето катанец на Радио Гевгелија. Имено, пред 10 години поранешниот градоначалник кој беше од редовите на ВМРО ДПМНЕ го закатанчи радиото, веројатно советуван од “неговите” советниците за информирање кои пак до ден денес се уште советуваат за информирањето во општината. Можеби еден ден, кога ќе…