Амбасадорот на Република Словенија Проф. д-р Милан Јазбец вчера ја посети општина Гевгелија. На средбата беше разговарано за унапредување на соработката во областите на економијата и културата.
ОСМОМАРТОВСКИ КОНЦЕРТ
По повод 8 март- Денот на жената општина Гевгелија заедно со Македонската опера и балет организира осмомартовски концерт „Љубов низ арија ти подарувам“. Концертот ќе се одржи на 7 март (среда) во Народниот театар во Гевгелија кадешто врвните оперски пејачи од МОБ ќе изведат популарни оперски арии.
ГРАН ПРИ ЗА АНСАМБЛОТ “БОЈМИЈА”
На меѓународниот фестивал на изворен фолклор “ТОДОРИЦА 2018” кој се оддржа во Свети Николе, ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија ја освои највисоката награда Гран при. На фестивалот настапија 13 фолклорни групи и ансамбли од земјава и од соседните земји Бугарија и Србија. И покрај силната конкуренција, гевгелиските фолклористи се истакнаа со своите настапи презентирајќи неколку настапи…
ПАТИШТА…УЛИЦИ
Сите патни правци во општина Гевгелија се проодни, а во текот на денешниот ден продолжува чистењето на улиците во Гевгелија и во другите населени места. Тоа е рапортот на мобилната екипа дејствување во зимски услови, формирана од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, по обилните снежни врнежи кои не ја заобиколија и општина Гевгелија. Во…
НЕ Е СЕ ТАКА ЦРНО
Снежниот бран не ја заобиколи и Гевгелија, каде што во текот на ноќта наврнаа 14 сантиметри снег, кој и понатаму паѓа. И покрај тоа, утринава сите училишта навреме ја започнаа наставата, а навремено беа отворени и сите детски градинки. Сите установи и продавници беа отворени навреме и нормално функционираат. Доцна синоќа на сите поголеми сообраќајници…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА САШО ПОЦКОВ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ЈАБЛАНИЦА
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков присуствува на прославата на Денот на општина Јабланица-22 февруари во збратимената општина Јабланица. Градоначалникот Поцков положи цвеќе на споменикот на јабланичките првоборци, а присуствуваше и на свечената седница на Советот на општина Јабланица. Обраќајќи им се на присутните домаќини и гости, градоначалникот на општина Гевгелија, најпрво, им го честита…
Гевгелија 91480
Гевгелија 91480
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА САШО ПОЦКОВ ВО ПОСЕТА НА ЈАБЛАНИЦА
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков престојува во посета на општина Јабланица, Босна и Херцеговина. Имено, оваа збратимена општина го прославува 22 февруари-Денот на општина Јабланица. По тој повод ќе биде одржана свечена седница на Советот на општина Јабланица, на која ќе присуствува градоначалникот Сашо Поцков. Исто така, тој заедно со гостите од другите збратимени…
Гевгелија 91480
Гевгелија 91480
Гевгелија 91480
91480