Владата на Република Македонија и одобри на општина Гевгелија 60,7 милиони денари за плаќање на стари долгови кон доверителите. Општина Гевгелија изминатиов период исплати 17% од наследениот долг кон доверителите, така што со пристигнатите средства ќе отпочне санацијата и на преостанатиот долг. -Парите се пристигнати во општинската каса и со нив имаме обврска да ги…
Категорија: RADIO GEVGELIJA
Градоначалникот Сашо Поцков ги прими наградените од драмското студио “Дон Кихот”
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денес ги прими наградените актери, режисери и автори на претставата „На здравје“ на драмското студио „Дон Кихот“, кое работи во составот на Домот на културата „Македонија“ во Гевгелија. Имено, драмското студио „Дон Кихот“ со оваа претстава го освои првото место на престижниот меѓународен фестивал „Утринска ѕвезда“во Банско, Бугарија. Честитајќи…
Гевгелија го одбележа меѓународниот ден на лица со посебни потреби!
Центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија во соработка со општина Гевгелија, Дневниот центар за лица со посебни потреби, НВО Внимание и Аполонија фондацијата, вчера го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, под мотото „Да не оставиме никој зад нас“ и „Секој е важен“. На настанот во Народниот театар во Гевгелија, свои обраќања имаа градоначалникот…
Гевгелија “ГРАД ДОМАЌИН” на кошаркарскиот натпревар Македонија-Косово .
Поцков, Темелковски и Давитков пред неделниот кошаркарски натпревар Македонија-Косово изјавија: Во Гевгелија очекуваме добра атмосфера, фер навивање и победа на Македонија.
ОБЈАВЕНИ КОНКУРСИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРА И СПОРТ ВО 2019
Општина Гевгелија ги објави годишните Конкурси за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелијаи за финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес за општина Гевгелија во 2019 година. На Конкурсот имаат право да учествуваат правни и физички лица – државјани на Република…
ДОДЕЛЕНИОТ ГЕРМАНСКИ ГРАНТ ОД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ БИДЕ НАМЕНЕТ ЗА ПРОЕКТИ КОИ ОБЕЗБЕДУВААТ ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ
-Наша цел е средствата од доделениот германски грант да бидат искористени за подобрување на квалитетот на условите за живот на граѓаните во општина Гевгелија, истакна градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на денешната средба со претставниците на KFW банката, проект менаџерот Стефан Рааб и техничкиот експерт Уве Арас, задолжени за ЈИЕ и Турција, како и…
ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР КРИСТИЈАН ТИМОНИЕ ВО ПОСЕТА НА ГЕВГЕЛИЈА
Францускиот амбасадор во нашата земја Кристијан Тимоние вчера престојуваше во работна посета на Гевгелија, при што оствари средба со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков. На средбата градоначалникот Поцков го информираше амбасадорот за активностите во општината, кои во изминатава година беа насочени кон создавање на услови за одржлив еколошки и економски развој. Притоа, нагласи дека…
(20 ноември 2018) Изјава на градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков !
До општина Гевгелија пристигна Решението на Уставниот суд за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум на локално ниво донесена од страна на Советот на општина Гевгелија во месец март и април 2017 година, а како подносител на иницијативата се јавува компанијата РЕЗЕРВОАР МИНЕРАЛС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје-…
70 милиони евра за изградба и реконструкција на патишта и улици во општините!.
Министерството за транспорт и врски на РМ ќе обезбеди 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски при неодамнешната посета на Гевгелија. Притоа, појасни дека средствата ќе бидат ставени на располагање на општините исклучиво за локални патишта и улици. Изминатиов период во Гевгелија…
“Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“
Дојран добитник на најголемиот грант од 1,5 милиони евра! Општина Дојран го доби проектот со наслов “Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“. Проектот беше аплициран преку програмата ПЛРК, финансиран од ЕУ и Владата на Р.М, а администриран по правилата на Светска Банка. Проектот содржи: – Партерно и хортикултурно уредување на сите паркови и зеленила…