Општина Гевгелија со три проекти ќе аплицира за Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, кои како приоритетни беа потврдени од страна на Советот на општина Гевгелија. Во мерката 321 општина Гевгелија ќе аплицира со проектот за изградба на дел од локалниот пат Серменин-Негорци. Станува збор за последните 2 км од оваа…
Категорија: RADIO GEVGELIJA
Бетонирана подлога за паркинг !
Последниот блок од градските гробишта во Гевгелија денес доби нов паркинг. Се работи за предниот дел кој со бетонирање на подлогата се адаптира како класичен паркинг простор со капацитет за околу 30 возила.
Распоред за есенски и пролетен дел на ВТОРА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА-ИСТОК !
Распоред за есенски и пролетен дел на ВТОРА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА-ИСТОК !
Караванот 3х3 подолжува! Следна дестинација -Гевгелија!
Баскетџии од Македонија! Сакате да се докажувате на вистински терен? Да ги демонстрирате своите вештини пред сите? Да докажете дека сте многу поспособни од противниците во непосредната околина?! Направете го тоа на следниот 3х3 турнир во нашата држава организиран од здружението 3x3Macedonia! Заокружете ги датумите – 25. и 26. август! Караванот 3х3 продолжува во Гевгелија!…
Заврши санацијата на патот Миравци-Давидово, се тампонира патот Прдејци-Смоквица !
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денес ја посети делницата од регионалниот пат Миравци-Давидово, која е целосно санирана. ЈП„Македонија пат“ изврши целосно санирање на дотраениот пат со доделените 10 милиони денари на општина Гевгелија од Јавното претпријатие за државни патишта. Во моментот се работи на тампонирање на патот Прдејци-Смоквица, кој потоа ќе биде асфалтиран. За…
На 29 јули – второ авиопрскање против комарци !
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот го организира второто авиотретирање против комарци. Како што е познато, предвидени се две прскања на територија од 5741 ха. Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека второто прскање е планирано…
Невреме со град ги уништи земјоделските посеви во делови од општина Гевгелија!
Невремето проследено со град, која ја зафати општина Гевгелија вчера во раните попладневните часови, предизвика пустош на земјоделските посеви во Негорци, Ново Конско, како и во делови на Мрзенци, Смоквица и Милетково. Во Негорци најголеми оштетувања има на градинарските култури и лозјата, каде што бербата само што започнала или пак ќе започне. Според првичните неофицијални…
Новата времена депонија треба да биде пример за успешно справување со комуналниот отпад!
Постојаната претставничка на ООН и на Канцеларијата на УНДП во нашата земја, амбасадорката Луиза Винтон, при вчерашната посета на Гевгелија, имаше средба со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков. На средбата најмногу внимание беше посветено на изградбата на Времената депонија за комунален отпад кај Ново Конско, во општина Гевгелија. Како што е познато овој проект…
Денес во Гевгелија се одржа 6 – тата седница на Советот на југо-источниот плански регион
Советот за развој на Југоисточниот плански регион денес во Гевгелија ја одржа својата шестта седница, на која се расправаше за неколку предлог одлуки за аплицирање на ЈИПР по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Исто така, на дневен ред се најде и Предлог-Одлуката за селекција и аплицирање на ЈИПР по Грантовата…
ПЕТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ 2018 – ВАЛАНДОВО
“РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ” на убаво дружење во Валандово.