Проблемите со кои се соочуваат такси превозниците, слушнати од градоначалникот.
Автор: Радио Гевгелија
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШО ПОЦКОВ СЕ СРЕТНА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР ВО РМ КАРЛО РОМЕО
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков во општина Гевгелија оствари средба со италијанскиот амбасадор во нашата земја Карло Ромео. Притоа, градоначалникот Поцков го информираше амбасадорот за актуелните активности, проекти и преокупации на општина Гевгелија, нагласувајќи дека во забрзаниот процес на евроатланските интеграции на Република Македонија, општина Гевгелија ќе има значајни можности за развој. Оттука и…
ПРОЕКТ ” АФИРМАЦИЈА НА ПРИРОДНИ И КУЛТУРНИ ВРЕДНОСТИ ВО ПОГРАНИЧЕН РЕГИОН”
Денес започнa со реализацијa проектот „Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион” со кој всушност започнува уредување на излетиштето Динќут во Гевгелија. Ова за гевгеличани познато излетиште во минатото ќе биде уредено во простор за спорт, забава и рекреација. Проектот на општина Гевгелија и беше одобрен од страна ИПА Програмата за прекугранична соработка…
ГЕВГЕЛИСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК САШО ПОЦКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО СОПСТВЕНИЦИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ
На состанокот освен за тековните проблеми кои ги имаат во работењето и можностите за развој на солидна туристичка понуда, за прв пат се проговори и за рециклирање на отпадот поточно за одвојување на непотребната стаклена амбалажа.
” ИЗЧЕЗНАЛЕ” СИТЕ РЕПЕТИТОРИ И ПРЕДАВАТЕЛИ НА РТГ !
Според последно вработените во Радио Телевизија Гевгелија : Општина Гевгелија го” заплени” имотот на Радио Телевизија Гевгелија . Општина Гевгелија тогаш предводена од градоначалникот ИВАН ФРАНГОВ изврши попис на опремата и имотот на Радио Телевизија Гевгелија БЕЗ ПРИСУСТВО НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО РТГ. Денес во општина Гевгелија никој не знае каде се предавателите и репетиторите на…
ВО ВИКЕНДИТЕ ЕКСПРЕСЕН ВОЗ ГЕВГЕЛИЈА-СОЛУН
Воспоставен е повторно патничкиот железнички сообраќај помеѓу Македонија и Грција само во викендите.
ОДБЕЛЕЖАНА 10 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ИГОР ЃОРЕСКИ-ХЕКТОР
На 12 Јануари 2008 година кај скопско Блаце се урна хеликоптер на АРМ. Загинаа11 припадници на армијата меѓу кои и нашиот сограѓанин Капетан Игор Ѓорески – Хектор. На 10 годишнината од овој трагичен настан од името на граѓаните на општина Гевгелија цвеќе на спомен бистата на Игор Ѓорески положи градоначалникот Сашо Поцков.
МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВО ГЕВГЕЛИЈА
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес ја посети реконструираната погранична полициска станица во Гевгелија. Министерот Спасовски му беше гост и на градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.
OПШТИНАТА ДОНИРАШЕ КОМПЈУТЕР ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПС ГЕВГЕЛИЈА
Општината донираше компјутер за потребите на полициската станица во Гевгелија.