


Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков го потпиша грантот од 2,5 милиони евра доделени од владата на Сојузна Република Германија преку германската банка за обнова и развој КФВ . Овие средства ќе придонесат за значајно проширување на системот за водоснабдување кон неколку населени места во општината а ќе се инвестира и за подобрувањена системот за фекалии и атмосферски канализации особено во новите делови на градот.