Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

16 мај ден на Радио Гевгелија

Posted on мај 15, 2023 by Радио Гевгелија

На 16 мај 1956 година започна со работа Радио Гевгелија. Преку Радио Гевгелија јавноста во тогашната општина беше информирана за случувањата во општествениот, стопанскиот, политичкиот, културниот и спортскиот живот. Покрај редовно вработените , секој граѓанин и млад човек имаше можност своите радио афинитети и креативност да ги искаже преку радио програмата. Во духот на тоа време, јавноста подеднакво се радуваше и на наградите што ги носеше Радио Гевгелија од натпреварите на деновите на македонското радио  како што се радуваше на успесите на нашите спортски клубови. Треба да се знае дека Радио Гевгелија умерено информираше и за ФК Кожуф и за ФК Вардарски кои беа наши општински клубови а меѓусебно беа и големи ривали. Подоцна , Радио Гевгелија со емисијата “Од добровечер до доброутро” присуствуваше на сите најзначајни фестивали од каде  се носеше интервјуа со сите популарни ѕвезди  од светот на музиката и филмот. Радио Гевгелија како радио станица беше постојано во стручното жири на 12 југословенски радио станици на фестивалите во Опатија, Сплит и Белград (МЕСАМ). Од друга страна Радио Гевгелија посебно се истакна и со хуманоста каде што заедно со Црвен Крст-Гевгелија на денешен ден се организираше крводарителската акција “Колку крводарители, толку награди”. Денес севкупниот политички актив на Гевгелија од СРАМ или СТРАВ не сака да го спомне името на Радио Гевгелија. Од СРАМ заради минатото, од СТРАВ заради иднината.  Денес е 16 мај 2023, порталот www radiogevgelija.info го најавува своето враќање на инфо сцената со повторно присуство во Сплит на фестивалот “Мелодије Јадрана”.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes