Македонската пејачка легенда Нина Спирова почина на 82-годишна возраст.
Нина Спирова која е родена на 26 октомври, 1938 година, има учествувано на првите изданија на Скопскиот фестивал, а има соработувано со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери.
Нина Спширова сними над 80 композиции само за музичката продукција на МРТ, од кој поголемиот број се хитовите: „Молчи, молчи“, „Еден бакнеж“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“ итн.
Како еден од вечните евергрини, кои ќе останат да не асоцираат на прекрасното минато претставува и хитот “Еден бакнеж“ во придружба на Македонската Филхармонија. Безвременска песна која има учествувано на фестивалот „Опатија“ во 1962 година и се има закитено со првата награда. На јубилеен фестивал во Опатија 1985 даде интервју и за Радио Гевгелија. Тогаш ја отпеа композицијата на Љубомир Бранџолица “Дал ќе дојде едно писмо” .