Дарко Аницин е роден 1977 година во Скопје.
Аницин е академски графичар и графички дизајнер кој своето образование го има стекнато во средното уметничко училиште “Лазар Личеноски” па на факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” Скопје.
Својата креативност ја изразува најчесто, над 15 години, преку ангажмани во областа на графичкиот дизајн, по што е и најпрепознатлив пред широката јавност.
Создава графики, цртежи и слики од самите почетоци на своето образование до денес.
Тој има современ, специфичен стил на творење, со истакнати и рафинирани визуелни поентирања, што од прва рака говори за графичарски манир на прецизност, чиста и јасна мисла и длабок квалитет на академски уметнички израз
Изложбата е во организација на Пионерскиот Дом Гевгелија и е дел од годишната програма за култура на општина Гевгелија.