Од извори на социјалните мрежи radiogevgelija.com дознава дека новиот градоначалник на Општина Гевгелија Сашо Поцков имаше видео обраќање до јавноста насловен како ПРЕС. Од содржината на искажаното може да се констатира дека, Поцков само што брцнал во првата фиока веќе нашол задолжувања од околу 6 милиони евра. Знаете ли само колку фиоки има таму? Знаете ли кога ке се отвори фиоката за Радио Гевгелија што има таму? Недостасуваат пописните листи за имотот, за непопишаните предаватели и репетитори , каде е возниот парк а ако сакате и каде се документите од службениот ПИШТОЛ на РТГ?
