Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

Македонските граѓани веќе влегуваат во Грција само со пасош

Posted on февруари 21, 2019февруари 21, 2019 by Радио Гевгелија

Грција почна да ги прифаќа македонските пасоши.

Македонските граѓани веќе влегуваат во Грција само со пасош. Грција ги исфрли од употреба листовите кои дополнително им ги даваше на македонските граѓани, затоа што не го прифаќаше пасошот.

Грчките власти издале наредба до пограничните служби за примена на новите правила за влез на македонски државјани.

Грција сега ги прифаќа македонските пасоши на кои пишува Република Македонија, но има ставено печат со натпис: „Оваа патна исправа ѝ припаѓа на Република Северна Македонија“.

Граѓаните до 2024 година треба пасошите да ги заменат со нови.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes