Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

(ВИДЕО) „Мелодии на Јадранот“ – „Ве сакаме сите во Македонија“

Posted on јули 18, 2025јули 18, 2025 by Радио Гевгелија

Радио Гевгелија и Екран и оваа година беа на „Мелодии на Јадранот“, фестивал, кој традиционално се одржува во Сплит.
Традицијата си продолжува без оглед на некои промени кои во меѓувреме се случија.
Но, во видеото што ќе го проследите ќе видите и снимки од концертот на Џибони, на кој гостуваше и Влатко Стефановски, на старото фудбалско игралиште на „Хајдук“. Потоа за концертот на Нина Бадриќ во рамките на фестивалот, за кој вели дека ќе го памти цел живот и дека е во топ 3 во нејзината кариера.
Третата вечер беше „Вечер на големи ѕвезди“, сите што нешто значат во хрватската музика беа на едно место во „Мештровиќ галерија“. Тоа е рајското место како што умеат да го нарекуваат хрватскиот Сан Ремо, место каде познатиот хрватски уметник творел и каде што се неговите најпознати дела.
Уживајте со видеото подолу:

Инаку, оваа емисија ја посветуваме на Оливер Драгојевиќ чиј албум „Долазиш“ со 12 досега необјавени песни беше обелоденет деновиве.
Проследете ги разговорите со Јелена Розга, која со гордост го најавува концертот на 29 јули во Охрид.
Амира Медјуњанин зборува за македонската традиционална песна. Како и Тончи Хуљич, додека Дорис Драговиќ зборуваше за новиот албум со синот на Тончи Хуљиќ, Иван.
Ади Шоше е регионална ѕвезда кој вели дека досега се нема родено пејач како нашиот Тоше Проески, кој му е узор, и најави концерт во Скопје до крајот на годината.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes