Импозантниот простор на галеријата Мештровиќ во Сплит, во јуни по трет пат ке ги собере на едно место најрелевантните музички имиња од регионот. Како што најави првиот човек на “Далмација концерт” господинот Томислав Мрдуљаш фестивалот ке биде во две вечери. Најнапред специфичен акустичен концерт на Нина Бадриќ насловен НИНА КЛАСИК и парада ни хитови. Сплитската велелепна журка ќе ја збогати Џибони со посебен концерт ден пред тоа “ЕВО МЕ ДОМА” на познатото (СТАРО ХАЈДУКОВО) стариот стадион на Хајдук. (Овој концерт не е во рамките на фестивалот). Музичкиот сплитски спектакл ќе го проследи повторно Радио Гевгелија заокружувајки сплитска прегратка која трае 41 година. Музичкиот материјал Радио Гевгелија ке го искористи за емисијата ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО која годинава одбележува 40 години од возобновувањето во 1985. ” Од добровечер До доброутро” е најслушаната радио емисија на овој простор на сите времиња, со емитувани над 1000 интервјуа со сите ѕвезди од регионот. Носител на ТВ проектот видео издание на емисијата е повторно Bango Production која за трите години присуство на Мелодије Јадрана одвои буџет од 5000 евра. 
