Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

Bango Production и Радио Гевгелија и во 2025 на големите регионални музички спектакли!

Posted on февруари 4, 2025февруари 6, 2025 by Радио Гевгелија

www.radiogevgelija.mk и годинава како и во изминатите 4о години се акредитира традиционално во Сплит. Не постои регионална ѕвезда која преку Радио Гевгелија не ги поздравила лугето во Гевгелија и Македонија. И секогаш поврзано Гевгелија и Македонија. Моментно се работи на класификација, најпрво на сочувани аудио и видео разговори кои ќе треба да се трансформираат од аналогна кон дигитална преработка со модерено адаптирање. Овој процес ќе трае долго. Радио Гевгелија како најстар медиум на овој простор ,негиран, оспоруван , краден но никој пат до крај  уништен. Со јасна, изразена желба дека ќе продолжи ентузијазмот на млади луге, носени со ново време кои ќе изработуваат дела на начин кои ќе го отсликат и техничко-технолошкиот развој. Јавноста ќе мора да ги потсети сенилните луге кои уште мислат дека треба и во доцните пензионерски денови да бидат информатори знаејки дека се „крадци„  и го крадат просторот на младите кои не можат да влезат во игра од овие кои не ја даваат топката, заборавајки дека треба и мора да излезат од игра. Ова беше малку меѓу редови, знаејки дека ќе реагираат по што доколку е потребно  ќе се обратиме  и со цели редови. Инаку, минатата година одбележавме 40 години од нашето прво присуство на Слитскиот фестивал, годинава одбележуваме  40 години од  првото наше присуство на Опатискиот фестивал и белградскиот МЕСАМ. Единаесет луге од нашата редакција досега  биле присутни на фестивалите во Белград, Опатија и Сплит со изработка на околу 1000 интервјуа. Идејата е да не се застане тука. Радио Гевгелија со Bango Production  е во медиумскиот простор но веќе НЕ  како „ друга страна на гевгелиската химничност„.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes