Насловот од македонскиот игран филм „До победата и по неа„ снимен 1966 година го користиме како вовед за одбележување на 7 ноември денот на ослободувањето на Гевгелија. Можевме да користиме и наслов од една партизанска серија „Непокорен град„ па да објаснуваме во која точно серија играл Илија Џувалековски. Па, ке се втурневме во историја на филмот па, ке требаше да го спомнеме и нашиот Гевгеличанец Јово Камберски сценаристот на филмот „Пресуда„ кој пак главната премиера со гламурозна „холивудска„ промоција ја имаше во гевгелиското Кино „Култура„ со многу гости глумци, и сите учесници на филмот. Го направи тоа нашиот Камберски во нашето Кино затоа што таму и директорувал. Но, беше тоа кога Гевгелија беше грААд “со две А”. Ова, кај што ние сега живееме веќе не кореспондира со нашата стара Гевгелија. И ова е Гевгелија само „ДЕКЛАРАТИВНО„ по името. Ни дојдоа дојденци, го окупираа градот со сиот свој примитивизам. Станаа гевгелични а нам гевгелиските гевгеличани преку социјалните мрежи ни кажуваат кој е Џаџев кој Сингер , додуша некој пат пишуваат дека Леонид Јанков е од Сеаво наместо Мачуково а пак Миравци додека му го научат името го нарекуваат Мравци. Овие пак што „глумат„ политичари на годишници се сликаат како полoжуваат цвеќе на спомен бистите а да ги прашате , под чии бисти ставаат цвеќе нема да знаат да ви одговорат. Важно, се сликаат та нели се убави та нели не се многу дебели. Овој текст на Радио Гевгелија нема официјален карактер за одбележувањето на 7 ноември. Во овој неофицијален текст можеме да кажеме дека Радио Гевгелија неофицијално беше и најголем гевгелиски амбасадор и летово, сите регионални ѕвезди преку Радио Гевгелија ги поздравуваа : Гевгелија и Македонија чиниш, Гевгелија е главен град на Македонија. А за нас гевгелиските Гевгеличани, Гевгелија ни останува нај главен град. И за крај , нешто за насловната фотографија. Радио Гевгелија нема информација дали (?), ( од осамостојувањето на нашава ни држава до сега) некоја општинска политичка организација некогаш или никогаш не го посетила спомен обележјето на големата пољјана на Висока Чука , каде што е формиран гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов„. Вечна слава на борците за „нашата„ слобода.
