Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ТАНЦОВОТО СТУДИО „МИСТИК“- ГЕВГЕЛИЈА

Posted on јуни 14, 2023 by Радио Гевгелија

На 16 и 17 јуни, Танцовото студио „Мистик“ ќе го одржи Годишниот концерт за одбележување на крајот на сезоната 2022/2023 година. Концертните вечери ќе бидат одржани во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 21:00 часот .  Како што вели, кореографот Александар Аврамов, на Концертот ќе се претстават членовите, забавувајќи ја и носејќи ја публиката на патување преку танцови креации од изминатата сезона.
Всушност, Годишниот концерт на „Мистик“ е и прославување на постигнатите резултати и многубројните освоени награди на Меѓународните натпревари за модерен танц во: Белград, Србија; Загреб, Хрватска; Солун, Грција и Скопје, Македонија. А, секако, на задоволство на гевгеличани, со претставување на кореографиите кои ја одбележаа натпреварувачката сезона.
Активностите на „Мистик“, годинава, беа поддржани од Општина Гевгелија преку Програмата за финансиска поддршка на спортските активности.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes