Музичкиот спектакл MELODIJE JADRANA 2023 ќе се одржи кон крајот на јуни. Во годините наназад
Сплит со години беше една од најдалечните фестивалски дестинации за Радио Гевгелија меѓу кои и Опатија и белградски МЕСАМ. Овој пат www.radiogevgelija.info својот РЕСТАРТ ќе го направи на начин што по 8 пат ќе го посети Сплит, сега премиерно на локација Мештровиќ-Галерија. Првата непосредна комуникација на Радио Гевгелија со изведувачите и мелодиите од Јадранот беше во далечната 1984. Средбата со сцената на Melodije Jadrana 2023 ќе биде доволен предизвик и пак да се потсетиме на старите мајстори на медитеранската музика и ненадминатата носталгија на сплитските фестивали кои се расадник на летни хитови и најпопуларни изведувачи на сите времиња на овие простори.. Организаторот на Melodije Jadrana воодушевено ја прифати акредитацијата на www.radiogevgelija.info како и секогаш во минатото, како медиум од Македонија кој ќе известува за Melodije Jadrana 2023. Со оглед на тоа што новиот музички спектакл ќе биде несомнено најсилното музичко случување на почетокот на летото, ви ја представуваме листата на планирани изведувачи на третата фестивалска вечер.
Ева Динев