Со заминувањето на Балашевиќ па и сега на великанот Војкан Борисављевиќ полека се затвора една ера која тешко ќе се повтори на овие простори. Некои луге со своите дела еноставно ќе останат незаменливи. Замина Војкан Борисављевиќ, врвен композитор , диригент, директор на МЕСАМ и што би рекла Калиопи во своето ФБ простување, голем Господин. Своевремено Војкан Борисављевиќ од прва рака ги информираше слушателите на емисијата”Од добровечер до доброутро” за фестивалот Месам. За Радио Гевгелија повеќе пати даваше интервју. Честото присуство на интервјуа од луге кои не се директни изведувачи на радио програмата, како Антон Марти, Оливер Млакар, Војкан Борисављевиќ и други во неколку наврати го сврстуваа Радио Гевгелија во таканареченото “Жири 12 југословенских радио станица” и тоа во време кога на фестивалите беа присутни по 270 акредитирани новинари. Радио Гевгелија уште чека погоден момент да ја дигитализира зачуваната аудио архива.