Убавите работи се случуваат на убави места. CRVENA JABUKA во DE FACTO ни доаѓа со потполно зрели хитови. Беcпотребно е и на новиве генерации да објаснуваме дека за овие простори CRVENA JABUKA се нашите THE BEATLES. Едноставно, долга и беспрекорна кариера. Во изминатите 35 години CRVENA JABUKA кон својата публика во Гевгелија се обраќаше исклучиво преку Радио Гевгелија co 10-тина интервјуа а на два пати биле гости и во студиото на ова радио. Во ова прилика, во пресрет на новата (саботна) средба на CRVENA JABUKA со гевгеличани се потсетуваме и на една изјава на нашиот Тоше Проески дека негов најубав настап во Гевгелија му бил токму со CRVENA JABUKA.


Долгата и успешна кариера на веќе легендарната група навестува и испомешани чувства заради генерациската разлика во годините на обожавателите, но истовремено и гаранција за потполно заедничко уживање. Драги пријатели, сабота е време за зрела, сочна и убава CRVENA JABUKA.