
Саботново гостување на познатата новосаѓанка Наташа Беквалац во гевгелиски DE FACTO представува вистинска можност за вовед во предновогодишно расположение. Со оглед на тоа што периодот кој ни предстои вообичаено се користи за масовни собирања и прослави на колеги од работни места , атрактивната “плавуша” им доаѓа полн погодок и дополнителен подтик за такви журки. Изминува годината во која DE FACTO на гевгелиската публика и понуди големи ѕвезди. Наташа Беквалац несомнено големо пејачко име со мега хитови. По турбулентниот дел од живот во блиското нејзино минато, настапот од пред 20 години на Макфест со хитот “Љубав чека бољје дане” како мото за желба во Новата година.
