Филип Динев еден од најдобрите гитаристи во моментов во Македонија, џез албумот си го снимаше во Гевгелија. Ова е изјавата на Филип Динев за www.radiogevgelija.info : Филип Динев трио Приказната за интернационалното џез трио започна во Будимпешта, каде ги поминав последните два семестри, студирајќи на академијата „Франц Лист“. Се запознавме за време на проба со биг бендот на Академијата. За време на студиите во Будимпешта, свиревме доста концерти и свирки, најмногу во локалните џез клубови, но и во други градови, како Сегедин и Дебрецен. Бендот е во состав: гитара (Филип Динев, Македонија), контрабас (Dani Arday, Унгарија) и тапани (Pierre Martin, Франција). Во врска со музиката која ја свириме: најлесно е да се етикетира како „џез“, или „модерен џез“, но како и секоја етикета – колку што дефинира нешто, толку и не дефинира. Звукот е доста отворен, акустичен и органски. Локација: Се одлучивме да снимиме во „Пионерски дом – Гевгелија“, од психо-акустични причини, а можеби и по малку носталгични, хаха. Особена благодарност до Ѓорѓи Вацев и Златко Андријевски, наши долгогодишни другари и соработници, кои завршија професионална работа со техничката реализација и „Пионерски дом – Гевгелија“ кои ни го отстапија овој прекрасен простор и ни дадоа целосна поддршка.