Влатко Лозаноски во DE FACTO . Да, тоа ќе биде вистинска треска во саботната ноќ во стилот на John Travolta. Споредбата ја правиме од причина што Travolta “треската” ја направи во времето на врвот на неговата популарност. Лозаноски пак, кој по бројот на прегледи на You Tube не сомнено остава впечаток дека во овој момент е пејачко име број еден кај нас а DE FACTO на врвот од мапата на нај грандиозни објекти за забава во нашава држава и пошироко. Сето ова, наговестува незаборавна саботна ноќ во DE FACTO. Инаку Влатко Лозаноски последен пат во Гевгелија настапи на “најстудениот” Коледарски хепенинг.

Нема сомнение дека Влатко Лозаноски ќе го наполни DE FACTO со обожаватели и љубители на урбана забава исто како што пролетва ја наполни салата “Борис Трајковски” во Скопје. На Гевгелија викендов и претстои Saturday Night Fever.
