Во пресрет на концертот на Зијан во De Facto, www.radiogevgelija.info накратко ќе потсети на некои познати и непознати работи околу Зијан. Групата Зијан може и треба да се пофали со грандиозните самостојни концерти во Гевгелија посебно оние двата во “Ава” и “Делта” (во времето кога го промовираше хитот “Каде сте ангели мои”) потоа “Велигденскиот концерт” во преполнетата спортска сала “26 април” и секако концертот во стилот на Woodstock одржан на отворено во Негорските бањи. Можат ли сегашните млади само да замислат каква беше состојбата со паркирање на автомобили пред “Негорски бањи” кога цел град и околина и младо и старо се “истурија” на големиот концерт на Зијан во “јасеновата шума”? Треба да се каже и да се знае дека пред големите концерти на Зијан во градот отсекогаш владееше таканаречена “фама”. Најавуваните концерти на Зијан како магнет ја привлекуваa публиката a нема сомнение дека така ќе биде и во DE FACTO. Инаку Радио Гевгелија отсекогаш ја следел, подржувал па и помагал во работата на Зијан. Ова е убава можност да го споменеме и Живко Георгиев од Радио Гевгелија кој со своето пријателство со луге од (тогаш) Телевизија Сараево издејствува групата Зијан да се прикажува на ЈРТ (југословенската радио телевизија) во подолг период и во повеќе наврати со што Зијан беше една од ретките македонски поп-рок групи кои го почувствува југословенскиот ТВ етер за што, некои групи од “скопската музичка лига” и беа љубоморни и беа збунети. Инаку www.radiogevgelija.info го чува комплетниот видео материјал од гостувањето на Зијан на јубилејната гитаријада во Заечар а не само дел збогатуван со ЛОГО од други портали добиени од протек на наши снимки. Исто така треба да се знае дека општината го узурпира имотот на Радио Гевгелија а јавноста се уште не знае дали се пљачкало, грабело или уништувало. Со тој чин се изгуби трагата на комплетниот оргинален студиски запис на снимениот материјал на српски јазик подготвен да се издаде плоча за ПГП РТБ. Носечки хит на тој материјал требаше да биде духовитата “Твоје дупе” во продолжение на текстот “штета што сада није моје, имао бих фудбал од најбоље коже”. За жал личниот пријател на Зијан и Радио Гевгелија, Марјан Каран (уредник во ПГП РТБ) набргу, го губи животот во сообраќајка и материјалот остана во Радио Гевгелија. Исто така исчезнати се сите студиски снимки на Оливера Станковска, Скитници а од групата Зијан каверот Satisfaction вклучувајки ја и композицијата “Дојрански рибари” за многумина малку позната нумера. Снимките беа направени во (тогаш) РадиоТелевизија Скопје. Желбата на Зијан беше на Макфест да се претстават со “Дојрански рибари” мошне певлива со стиховите “дома се враќа рибар, во куќа стара кај што љубов го чека” но од страна на Макфест се слушна дека Зијан ја одбиле “Шила” која подоцна стана Мега хит на Маја Оџаклиевска. Последен пат Гевгелија зијановци со настап ги виде во една ЗИМСКА НОЌ како “главни” на Коледарскиот Хепенинг пред две години. Сега, ни претстои ЛЕТНА НОЌ во DE FACTO и пак да ја слушнеме нивната “ЦЕЛ ГРАД СО НАС ПЕЕ”.