Skip to content
www.radiogevgelija.info и на овој начин ја одбележува 10 годишнината од ставањето катанец на Радио Гевгелија. Имено, пред 10 години поранешниот градоначалник кој беше од редовите на ВМРО ДПМНЕ го закатанчи радиото, веројатно советуван од “неговите” советниците за информирање кои пак до ден денес се уште советуваат за информирањето во општината. Можеби еден ден, кога ќе победи СДСМ на избори во Гевгелија, некој и ќе го најде клучот од катанецот со кој е заклучен Радио Гевгелија. Нашите сознанија се дека прво се крадело па се заклучувало. Се молат надлежните органи доколку не се на годишен одмор, по допрен глас, да ја проверат информацијата. Почитувани Сдсмовци, почитувани Вмровци и останати почитувани … сите вие ќе бидете наша публика.