Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

Современ “галериски простор” во Пионерскиот дом

Posted on април 22, 2019април 22, 2019 by Радио Гевгелија

Пионерскиот дом од Гевгелија од денес е ново свратилиште со ширум отворени врати за сите уметници кои творат од љубов или професионално. Поставени се шини со што е овозможено полесно поставување на изложби кои заедно со штафелаите, малата сала во истиот ќе ја претворат во прекрасен изложбен салон.

“Драги уметници нашите врати се ширум отворени за Вашите големи дела” – изјави Директорот Милица Ефтимова. Се очекува во најбрзо време посетителите и вљубениците во уметноста да уживаат во креативноста на уметниците. Пионерскиот дом од денес има галерија достапна за сите.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes