Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

СЕЌАВАЊЕ НА ОПАТИСКИОТ ФЕСТИВАЛ !

Posted on март 29, 2019март 29, 2019 by Радио Гевгелија

На денешен ден во 1985 година Радио Гевгелија за прв пат беше присутна на тогаш јубилејниот 25 фестивал кој гласеше ” Денови на југословенската забавна музика “. Опатија всушност беше и најдалечната фестивалска дестинација за Радио Гевгелија која беше посетена две години едно по друго. Фестивалите беа и прекрасна можност пејачите да се запознаваат со лугето од медиумите кои им ги презентираат нивните дела до читателите, слушателите и гледачите. Тогашните медиуми во духот на тоа време (без интернет) имаа важна улога во успехот на исполнувачите, за што пак тие беа исклучително благодарни и срдечни со медиумите. Фестивалот се одржуваше во хотелите “Империјал” и “Кварнер” изграден 1884 година а импозантната “Кристална сала” беше секогаш резервирана за финалето. Освен пејачите од другите крајишта на тогашната држава, токму од Опатија за Радио Гевгелија прв пат зборуваа: Влатко Стефановски, Калиопи, сестрите Маријана и Росана, Јанко Узунов, Ѓоко Ѓоргиев и други Македонци од музичката фела.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes