Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

НОВИ 200 ДРВЦА НА БУЛЕВАРОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Posted on март 22, 2019март 22, 2019 by Радио Гевгелија

На продолжението од Булеварот „Гевгелија“ започна сеидбата на нов дрворед. На булеварот ќе бидат засадени 200 дрвца јавор со што всушност ќе биде целосно завршен овој дрворед. Имено, минатата година на продолжението од булеварот беа засадени 85 дрвца.
Пред сеидбата на новиот дрворед, се поставува систем „капка по капка“ што е донација од компанијата „Конти Хидропласт“, а по што ЈПКД„Комуналец“ ќе ја организира сеидбата на веќе набавените дрвца јавор. Со сеидбата на дрворедот долж целиот булевар општина Гевгелија ја започнува пролетната акција за обнова на садниците со дрвја на одделни сообраќајници во градот.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes