Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

Шеќеринска деновиве во посета на јужната граница!

Posted on јануари 9, 2019јануари 9, 2019 by Радио Гевгелија

ШЕЌЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА.
Состојбата на јужната граница е стабилна, а припадниците на АРМ ги извршуват своите задачи овозможувајќи им на граѓаните во овие празнични денови да бидат мирни и спокојни и да не стравуваат од опасност по безбедноста и стабилноста на
државата. Ова го порача вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска при посетата на армиските припадници распоредени на јужната граница на Македонија кон Грција. Во пресрет на Божик..
– Армиските припадници на нашата јужната граница со Грција ме информираа околу состојбите на границата која е стабилна, меѓутоа, постојаното присуство на АРМ со поддршка на операциите на МВР покажува дека е ова проблем кој Македонија не смее да го занемари. Само во оваа година припадниците на
АРМ успеаја да спречат повеќе од 500 нелегални преминувања на границата, а во претходната година кога притисокот врз границата беше и поголем таа бројка беше неколкукратно поголема – изјави
Шекеринска. За време на посетата таа додаде дека е дискутирано за тоа кој систем да се подобри, на кој начин да се зголеми соработката помеѓу различните институции и на кој начин да се подобри опремата со која располага АРМ.
– Владата покажа дека ваквиот несебичен и сериозен однос на припадниците на АРМ знае да го награди. Минатата година платите на припадниците на АРМ беа зголемени 10 проценти, а годинава ќе бидат зголемени за дополнителни пет проценти, што значи дека првпат имаме две години по ред зголемување на платите. На крајот на минатата година завршивме два многу важни процеса – обезбедување чизми и униформи за
припадниците на АРМ, но нашата цел е поставена многу повисока. Дискутираме за вистинска опрема и за модерни начини не само за чување на границата, туку на работење на Армијата и на тој начин ќе и овозможме на АРМ да биде подобра, на тој начин ќе се
оддолжиме на нивната служба и на нивниот несебична работа за обезбедување на својата државата – изјави министерката за одбрана. Шеќеринска при посетата на граничната караула на преминот Богородица оствари средба и со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes