Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

Се роди ХРИСТИНА , првото новороденче во општина Гевгелија!

Posted on јануари 9, 2019јануари 9, 2019 by Радио Гевгелија

На 6 јануари, во Општата болница во Гевгелија, се породи Данче Поцкова, која роди женско дете, тешко 3.750 и долго 51 сантиметар.

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денес ја посети во општата болница во Гевгелија среќната мајка и новороденчето и на родителите Данче и Борче Поцкови им ја честита приновата. Притоа, им врачи 10.000 денари парична помош и пакет со козметика и производи за бебиња, посакувајќи и на новородената жителка на општина Гевгелија среќа, здравје, весело детство и успех во животот.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes