Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

Се реконструира патот Гевгелија-Негорци !

Posted on ноември 14, 2018 by Радио Гевгелија

Почна реконструкцијата на регионалниот пат Гевгелија-Негорци, која е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на РМ, која се реализира на територијата на општина Гевгелија, а за која се издвоени вкупно 180 милиони денари.

По гребењето на стариот асфалт и негово тампонирање, целиот пат, во должина од 6,5 км ќе добие нова асфалтна маса. Целата реконструкција ќе чини 90 милиони денари, а изведувач е фирмата „Жикол“. Изведбените работи се предвидува да завршат за три месеци.

На почетокот од летото беше извршена санацијата на регионалниот пат Миравци-Давидово, а веднаш потоа и реконструкција и асфалтирање на регионалниот пат Прдејци-Смоквица што го изведуваше ЈП„Македонија пат“. Сите постапки за изборот на изведувач ги организираше Јавното претпријатие за државни патишта, кое што ја реализира својата програма за 2018 година, со финансиска поддршка од Министерството за транспорт и врски на РМ.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes