Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

Општина Гевгелија најотворена локална власт во Македонија !

Posted on ноември 14, 2018 by Радио Гевгелија

Општина Гевгелија е најотворена локална власт во Република
Македонија, во поглед на доброто владеење за отвореност и
отчетност во политиката и владеењето. Ова го покажа
истражувањето на Метаморфозис – Фондација за интернет и
општество, организирано во сорабока со партнерите од
регионалната мрежа на НВО и „ACTION SEE“, за нивото на
транспарентност, отвореност и отчетноста на извршната и
локалната власт во регионот. Според истражувањето –
отвореноста на локалната самоуправа во Република Македонија е
на ниско ниво, бидејќи општините исполнуваат одвај 24% од
индикаторите на отвореност. Станува збор за четири принципи за
отвореноста на локалната самоуправа, која треба да биде во
служба на граѓаните. Имено, истражувани се пристапноста,
транспарентноста, интегритетот и ефикасноста на општините во
земјата. Истражувањето покажало дека општина Гевгелија исполнува
53,61% од овие критериуми, односно највисокo ниво, а потоа
следуваат општините Илинден со 46,24%, Берово со 39,80%,
Куманово со 36,76% , додека Скопје исполнува 25,98%. Најниско
ниво на отвореност на локалната самоуправа е забележано во
општина Конче 0,98%.
Што се однесува пак до отвореноста на извршната власт,
Македонија се наоѓа на претпоследното место со 24.16%, веднаш
зад Косово кој исполнува 23,49%. Највисоко ниво на отвореност на
извршната власт во регионот исполнува Црна Гора со 48,06%.
Мерењето на отвореноста од страна на Метаморфозис беше
спроведено од декември 2017 до крајот на март 2018 година.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes