Последниве денови во јавноста, на социјалните мрежи се појави текст со лажни и неиздржани тврдења за тендерската постапка околу осигурувањето на лица и возила во општина Гевгелија.
Заради правилно информирање на јавноста Службата за односи со јавноста во општина Гевгелија го достави следното соопштение:
„Општина Гевгелија спроведе Постапка со Барање за прибирање на понуди со објавување на оглас бр.2/2018, за доделување на договор за јавна набавка на услуги – Осигурување на недвижен и движен имот (моторни возила и опрема) во сопственост на општина Гевгелија и колективно осигурување на вработените.
До предвидениот рок за доставување на понудите биле доставени 4 понуди од понудувачите: АД за осигурување ВИНЕР Виена Иншуренс Груп Скопје, АД ЕВРОИНС Осигурување Скопје, АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје и АЛБСИГ АД Скопје, по што Комисијата согласно член 139 од Законот за јавните набавки, и Правилникот за постапката на отворање на понудите и образецот за водење на записник, ги прочита понудите и предвидените елементи и состави Записник од отворањето на понудите.
Комисијата утврди дека понудите на понудувачите се во согласност со дефинираните технички карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка, барањата и условите од техничките спецификации, како и во однос на условите за извршување на предметот на договорот за јавна набавка наведени во тендерската документација, односно се технички прифатливи. Комисијата ги разгледа финансиските понуди на понудувачите чии понуди беа предмет на евалуација и утврди дека понудите се прифатливи во согласност со член 3 став 1 точка 24 од ЗЈН, и истите беа предмет на понатамошна евалуација.
Евалуацијата на прифатливите понуди е извршена исклучиво врз основа на предвидениот критериум за доделување на договорот за јавна набавка – најнска цена, согласно член 140 став 8 од ЗЈН и Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови.
По одржаната е-Аукција најниска цена понуди АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје.
Комисијата по конечното рангирање на понудите и изготвување на предлог за избор на најповолна понуда, согласно член 140 став (9) од ЗЈН, предложи понудата на понудувачот АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје, да се избере за најповолна понуда, од причини што оваа понуда со понудена најниска цена е прворангирана, по што со
решение за избор на најповолна понуда е одлучено договорот, да му биде доделен на именуваниот понудувач.
Поради постоење на судир на интереси кај одговорното лице, согласно Законот за јавни набавки со посебно решение за донесување на одлука за избор и потпишување на договор е овластена Станка Карајанова, раководител на одделението за градежно земјиште во општина Гевгелија.
Целата постапка е водена преку електронскиот систем за јавни набавки, каде целата документација во врска со постапката е достапна
Согласно законските прописи секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата или пропуштањата за превземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Во конкретниот случај немаше жалба од учесниците во постапката“.