Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

Сабота 22 септември ( ден без автомобили).

Posted on септември 19, 2018 by Радио Гевгелија

Општина Гевгелија се приклучи во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“, што ја организира Министерството за животна средина и просторно уредување од 16-22 септември годинава.

Оваа година ЕНМ ќе се организира во духот на зелената, споделена и интелегентна мобилност, сублимирана во слоганот „Комбинирај и движи се“.

Во рамките на неделата  беше спроведена сообраќајно-воспитната акција  „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Децата од предучилишна возраст можеа да се запознаат со основните сообраќајни правила за движење на улиците. Сообраќајните полицајци ги запознаа најмладите учесници во сообраќајот со основните правила за движење.

Инаку, во сабота, на 22 септември, во рамките на одбележувањето на „Европската недела на мобилност“ е предвидено да се одржи манифестацијата „Ден без автомобили“. Од 10 до 11 часот, одбележувањето ќе биде манифестирано со дефиле на велосипедисти на кое ќе земат учество сите граѓани на општина Гевгелија .

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes