Деновиве
во хотелот „Crown Plazza„ во Белград, Република Србија, беа доделени специјалните награди на најуспешните бизнисмени и компании од Југоисточна Европа, во рамките на традиционалната манифестација „Бизнис партнер„. Специјалната награда за бизнис-личност на 2018 година за регионот на Југоисточна Европа
ја доби претседателот на НОЕЛ Експорт-Импорт Дооел од Гевгелија, Република Македонија, Томица Главчев.