За претседател на новиот општински совет за безбедност во сообраќајот во општина Гевгелија едногласно е избран Томе Илков вработен во Центар за возила (Станица за технички преглед на Здружение на возачи, за секретар Мирјана Гелебешева представник од oпштина Гевгелија. Останати членови на овој совет се : Димче Делев од РЕТКИ ПТИЦИ , Тихомир Кнежевиќ и Горан Динев од ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА, Атанас Атанасов авто школа ПРИМА, Цветан Нелоски и Михаил Петров од основните училишта од градот, Наташа Маџунковска градинка ДЕТСКА РАДОСТ, Васко Трајков ТВ НОВА 12 и Петар Лешев сообраќаен инженер од Гевгелија.
