www radiogevgelija.com во никој случај немаше намера во догледно време да информира за советот на општина Гевгелија уште помалку да се впушта во коментари на некои си дискусии во советот. Но, сепак не сме веќе и толку уверени дека ” случајните работи случајно се случуваат”. Имено, на последната седница во “категоријата” СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА момчето од насловната фотографија ( простете ни што навистина не му го знаеме името) мошне ” не вешто ” се обиде 1. Да го убеди градоначалникот дека и тој знае и 2. Да ја извести јавноста за некоја новонастаната состојба ИНФОРМАЦИЈА за згаснување на ТВ нова 12. До овој момент Тв нова 12 се нема изјаснето по дел од дискусиите на официјална седница на советот на општина Гевгелија. Би било убаво јавноста да знае дека стариот градоначалник на оваа телевизија и овозможи секој месец по 50 000 денари плус ДДВ и овозможи и новинарски текстови и овозможи ексклузивен пренос на седници на совет и т.н. По поставувањето на советничкото прашање новиот градоначалник како да се најде во “НЕ БРАНО” дури почна да се правда дека општината редовно продолжува да ја исплаќа сумата што ја договарал предходниот градоначалник та дури и ќе помогнел како човек во рамките на законот. www radiogevgelija.com ја потсетува и јавноста и градоначалникот дека ова повеќе беше трик да продолжи финансирањето на РЕЖИМСКАТА телевизија отколку што беше ” глупаво советничко прашање”. www radiogevgelija.com ги известува и советниците и градоначалникот и јавноста дека е комплетно опремен да ја замени ” тв застарена 12″ со комплетна модерна атрактивна и нова техника која ќе го презентира духот на новото време. Но, како сега стојат и лежат работите повеќето советници од овој состав во советот не заслужуваат да им се направи дури ниту пародија . Не би било паметно да се потценува www radiogevgelija.com кој го надживеа информативниот општински режим на предходниот градоначалник .