Дневниот центар за лица со посебни потреби во Гевгелија
целосно ќе се реконструира. Имено, Министерството за труд и
социјална политика на Република Македонија, врз основа на
поднесената апликација од општина Гевгелија, одобри 2.525.510
денари за реновирање на овој објект, кој го посетуваат лицата со
посебни потреби од целата општина. Доделените средства ќе
бидат наменети за целосна реконструкција на покривот и на
објектот во кој е сместен Дневниот центар за лица со посебни
потреби, а е дел од градинката „Цветови“. Покрај ова, ќе биде
извршена замена на столаријата, обнова на електро и
канализационите линии, а ќе бидат санирани и надворешните
ѕидови и ставена нова фасада.
Општина Гевгелија аплицираше и за целосно опремување на
Дневниот центар, кое барање е во фаза на одобрување.