Би било убаво ра се раѓаат нови пријателства, пријателствата да бидат искрени и зачестени.На најубав можен начин денеска е воспоставено НОВО ПРИЈАТЕЛСТВО помеѓу “JAVNA VATROGASNA POSTROJBA- PULA” и Против пожарна единица Гевгелија. Имено, делегација предводена од Клаудио Карловиќ заповедник на JAVNA VATROGASNA POSTROJBA PULA денес во општина Гевгелија со градоначалникот Сашо Поцков потпишаа меморандум за соработка . Подоцна во кругот на ППЕ-Гевгелија гостите од Пула (Република ХРВАТСКА) на командирот на ППЕ Гевгелија Раде Котески за потребите на гевгелиските пожарникари му донираа нова ПОЖАРНИКАРСКА ОБЛЕКА во вредност од околу дваесет илјади евра.Пријателите од Истра се гости на градот Гевгелија.









