Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

ПРОЕКТ ” АФИРМАЦИЈА НА ПРИРОДНИ И КУЛТУРНИ ВРЕДНОСТИ ВО ПОГРАНИЧЕН РЕГИОН”

Posted on јануари 23, 2018 by Радио Гевгелија

Денес започнa со реализацијa  проектот „Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион” со кој всушност започнува уредување на излетиштето Динќут во Гевгелија. Ова за гевгеличани познато излетиште во минатото ќе биде уредено во простор за спорт, забава и рекреација.

Проектот на општина Гевгелија и беше одобрен од страна ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, а општина Гевгелија го реализира во соработка со Агенција за економски развој од Банско.

За реализација на целиот проект од страна на ЕУ се доделени 169.692 евра.

Со проектот на Динќут ќе бидат уредени детски игралишта, амифитеатар, фитнес зона, трим патеки, односно гевгеличани ќе добијат едно прекрасно туристичко излетиште за одмор и рекреација.

Покрај ова, од страна на бугарскиот партнер ќе бидат реализирани повеќе активности за афирмација на природните, културните и туристички вредности на двете соседни земји.

Напишете коментар Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes