Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШО ПОЦКОВ СЕ СРЕТНА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР ВО РМ КАРЛО РОМЕО

Posted on јануари 23, 2018 by Радио Гевгелија

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков во општина Гевгелија оствари средба со италијанскиот амбасадор во нашата земја Карло Ромео.

Притоа, градоначалникот Поцков го информираше амбасадорот за актуелните активности, проекти и преокупации на општина Гевгелија, нагласувајќи дека во забрзаниот процес на евроатланските интеграции на Република Македонија, општина Гевгелија ќе има значајни можности за развој. Оттука и настојувањата до крајот на годината да заврши инфраструктурното уредување на ТИРЗ „Прдејци“ и излегување во пресрет на барањата на се поголемиот број инвеститори, кои се заинтересирани за вложување во овој регион. Притоа, ги посочи и проектите во реализација, кои значително ќе придонесат за развојот на општината, пред се, профункционирањето на Пречистителната станица кај Вардар, новиот водоснабдителен систем кој треба да биде готов до крајот на јуни, почетокот на изградбата на Времената депонија за комунален отпад, како и подготовките за искористување на доделениот грант од Германската влада преку КФВ банката, во износ од 2,5 милиони евра, наменет за водоводна и канализациона инфраструктура.

-Покрај ова наш приоритет годинава е во шест населени места, од вкупно 17 во општина Гевгелија, кои се уште немаат канализација, да бидат изградени нови линии. Покрај ова ќе настојуваме да ги реконструираме и санираме преостанатите училишта и детски градинки во сите населени места за да се подобрат условите за престој и настава, истакна градоначалникот Сашо Поцков.

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео ги поздрави ваквите развојни планови на општина Гевгелија и оцени дека таа чекори забрзано на својот јасно утврден развоен пат. Притоа, упати честитки и признание поради справувањето на општината за време на бегалската криза. Истовремено, ја нагласи својата подготвеност и заинтересираност за унапредување на соработката, како во поглед на локалниот економски развој, така и во поглед на културата.

Напишете коментар Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes