Според последно вработените во Радио Телевизија Гевгелија : Општина Гевгелија го” заплени” имотот на Радио Телевизија Гевгелија . Општина Гевгелија тогаш предводена од градоначалникот ИВАН ФРАНГОВ изврши попис на опремата и имотот на Радио Телевизија Гевгелија БЕЗ ПРИСУСТВО НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО РТГ. Денес во општина Гевгелија никој не знае каде се предавателите и репетиторите на Радио Телевизија . Предавателската опрема на информативното гевгелиско гласило беше највредниот дел од имотот на РТГ. Радио Гевгелија започно со работа на 16 мај 1956 година, беше една од водечките радио станици во државата, располагаше со модерни ФМ предаватели, работеше на (две) фрекфенции на ФМ скалата 102,9 и 103,4 мега херци. Предавателската опрема се наоѓаше на зградата на РТГ на Мрзенски Рид и Ридот Боскија кај Дојран. Гевгелиската јавност ЈАВНО бара од Франгов да се изјасни КАДЕ е предавателската опрема на Радио Гевгелија?