На 12 Јануари 2008 година кај скопско Блаце се урна хеликоптер на АРМ. Загинаа11 припадници на армијата меѓу кои и нашиот сограѓанин Капетан Игор Ѓорески – Хектор. На 10 годишнината од овој трагичен настан од името на граѓаните на општина Гевгелија цвеќе на спомен бистата на Игор Ѓорески положи градоначалникот Сашо Поцков.




