Skip to content
Menu
Radio Gevgelija
  • RADIO GEVGELIJA
  • ОД ДОБРОВЕЧЕР ДО ДОБРОУТРО
  • 91480
  • Прилог со видео
  • CINEMA
Radio Gevgelija

WWW.RADIOGEVGELIJA.COM

Posted on август 14, 2017август 14, 2017 by Радио Гевгелија

Здружението на граѓани Медиа Актив Пресс го РЕ АКТИВИРА Радио Гевгелија. Кој беше Радио Гевгелија ? За оние што не знаат би можеле да претпоставуваат дека тоа била некоја локална радио станица слична како Радио Радовиш, Радио Виница, Радио Демир Хисар и слично. За оние кои знаат само ќе ги потсетиме а оние кои прв пат слушаат ќе ги информираме. Радио Гевгелија во осумдесеттите во поранешна Југославија беше голем Бренд и многу важна мала радио станица. Радио Гевгелија беше опремена студиски и акустично модерно и скапо  еднакво како и Радио Скопје. На сите Југословенски фестивали Радио Гевгелија имаше акредитирано новинар. Освен Радио Гевгелија од Македонија на тие манифестации свој претставник имаа ревијата Екран и Радио Скопје. Сите ѕвезди на поранешната држава знаеја дека многу важно е да се даде интервју за Радио Гевгелија бидејки со тоа ја потврдуваат својата популарност до крајот на тогашната држава.  Радио Гевгелија беше постојано во стручното жири на Сплитскиот фестивал. Опатискиот фестивал и Месам (мегународниот саем на музика во Белград) беа жетви за интервјуа. Како што некогаш за светските ѕвезди било важно да се присутни на радио Луксембург така ѕвездите на поранешната држава сакаа да бидат присутни на Радио Гевгелија. Некој и може ќе се зачуди но пејачи како Тајчи , Оливер Драгоевиќ и Даниел доаѓаа во Радио Гевгелија и без да имаат концерт во Гевгелија.

Инаку еден Оливер Драгоевиќ за Радио Гевгелија има зборувано повеќе од 15 пати,  пејачи како Северина и Џибони своите први интервјуа за Мекедонија најпрво ги давале за Радио Гевгелија. Исто така во најголемата популарност за Радио Гевгелија интервју има давано Boris Gardiner а подоцна и Toto Cutugno. Нека се знае и тоа  дека Радио Гевгелија во времето на режимот на Никола Груевски беше тактички уништен и со трикови не му дозволија да се трансформира. Државата го избриша од регистерот а Општина Гевгелија без присуство на вработените си го заплени имотот ,архивата и зградата. Денес главните ГЛАСОВИ на Радио Гевгелија преку здружението на граѓани прават напори да се ре-активира ова радио кое повторно ке се наметне како Медиум со старото скромно име РАДИО ГЕВГЕЛИЈА и со пишуван текст аудио и видео продукција ќе информира од сите сфери од општествено политичкиот, стопанскиот, културниот, воспитно образовниот и спортскиот живот во Република Македонија. Не е ни тајна дека претседателот на здружението на граѓани Медиа актив Пресс заради борбата за слободни медиуми беше еден од најгласните шарени револуционери од Гевгелија. Радио Гевгелија традицијата на работење од 16 мај 1956 год ја продолжува засега на порталот www.radiogevgelija.com

Напишете коментар Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Radio Gevgelija

Radio Гевгелија ја продолжи својата работа ....
©2025 Radio Gevgelija | Powered by Superb Themes