www.radiogevgelija.com е адресата на реактивираното Радио Гевгелија. Пред да започне да информира за се’ овој пат Радио Гевгелија ќе започне да информира за себе. Во моментов тече експерименталниот период и подготовка на програмската шема на Радио Гевгелија. Радиото поддржано од Здружението на граѓани МЕДИА АКТИВ ПРЕС и понатаму НА ОВОЈ НАЧИН бара од општината РАДИО ГЕВГЕЛИЈА ДА СЕ ВРАТИ НА РАДИО ГЕВГЕЛИЈА (Од простории, техника, материјали, предаватели, се до историја) заради иднина. Инаку реактивираното Радио Гевгелија за сега ги одбива се почестите барања на група слушатели кои инсистираат како главен џингл (во секоја песна) да биде “УА ФАНГOFF”.